Хрватското Министерство одговори на протестната нота на Србија: Ја искористувате ЕУ и одбивате да ја осудите руската агерсија

Архива на СП

По протестната нота на Србија до Хрватска поради изјавите на хрватскиот министер за надворешни работи, Гордан Грлиќ Радман се огласија и од Министерството. Тие ги отфрлаат обвинувањата и ја повикуваат Србија да ја усогласи својата политика со ЕУ.

„Министерот Гордан Грлиќ Радман го забележа фактот за неусогласеност на Србија со надворешната и безбедносната политика на Европската Унија во однос на руската агресија врз Украина“, посочуваат од хрватското министерство.

Во Хрватска се создава атмосфера на омраза кон Србите, вели Дачиќ кој најави протестна нота до нивниот сосед

Тие уште еднаш ја предупредија Србија дека ја искористува ЕУ, а во исто време одбива да ја осуди руската агресија.

„Како што веќе истакнавме, не може да се биде кандидат за членство во ЕУ и да се користат сите придобивки од тоа, а непринципиелно и пресметано да се избегнува осуда на руската агресија и политиката на ЕУ во однос на неа“, велат тие.

Од Министерството додаваат дека ваквите изјави од Србија уште еднаш покажуваат свесно и систематско негирање на фактите за природата на настаните во Украина, односно за вистинскиот однос на Србија кон неа.

„Европското семејство има свои вредности, кои вклучуваат почитување на меѓународниот поредок. Овој меѓународен поредок е поткопан од руската агресија против суверена и независна Украина. Затоа уште еднаш ја повикуваме Србија да ја усогласи својата политика со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ што е можно поскоро во однос на прашањето за агресија врз Украина и на тој начин вистински да се постави на вистинската страна на историјата“, рече портпаролот на ова министерство, пишува Дневник.хр.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот