
Хрватскиот сабор гласаше против признавање на Палестина
Мнозинството во Хрватскиот сабор реши наместо веднаш да ја признае Палестина, да ја овласти Владата самата да го процени моментот кога тоа би било најсоодветно.
Хрватскиот сабор денеска со мнозинство гласови го одби признавањето на Палестина, објави хрватски „Индекс“.
Препорачано
Мнозинството во Саборот (хрватското собрание) изгласа заклучок со кој се повикува Владата, следејќи ги меѓународните мировни напори и иницијативи, да го процени вистинскиот момент за донесување одлука за признавање на палестинската држава, како дел од сеопфатните напори за постигнување мир и решение со две држави, наместо да се признае Палестина.
Ова беше направено на предлог на клубовите на парламентарното мнозинство, чиј заклучок доби 74 гласа „за“, 41 „против“, а тројца беа воздржани.
Од друга страна, пак, заклучокот што го предложи клубот „Можемо“, со кој се бараше Саборот да ја обврзе Владата во рок од 15 дена да подготви Одлука за признавање на државата Палестина, не помина. За таквата одлука, што де факто ќе значеше признавање на Палестина, гласаа 44 пратеници, против беа 73, а четворица беа воздржани.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
12мин
-
14мин
-
29мин
-
32мин
-
35мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5