Хрватскиот министер за здравство по труењето со газирани пијалоци: „Пијте вода“

Profimedia
Фото: Профимедиа

Хрватскиот министер за здравство Вили Берош ги посети пациентите во Ургентниот центар во  Загреб кои беа примени во болница поради труење од газирани пијалоци.

„Во моментов имаме три случаи, еден е полесен, веќе е пуштен на домашно лекување. Еден пациент имаме во Риека и еден во Загреб. Сите институции си ја вршат работата, немам нови информации“, рече Берош.

Тој додаде дека се водат истраги.

„Поинаква беше ситуацијата до попладнето кога имаше еден пациент, а сега имаме три случаи на слични повреди. Во тек се истраги. Немаме други совети и препораки освен општо предупредување да внимавате што пиете. Во Риека почнаа да дејствуваат полицијата и обвинителството. Утре треба да имаме прелиминарни резултати од примерокот. Коча-кола секако е контактирана од надлежните служби“, рече министерот.

На граѓаните им порача:

„Општото предупредување е да не пиете никакви пијалоци, во секој случај секогаш е најдобро да пиете вода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот