
Хрватска и Мароко играат за третото место на Светското првенство
Поразените во полуфиналните натпревари Хрватска и Мароко денеска од 16.00 часот ќе имаат шанса со победа да го завршат учеството на Светското првенство во Катар.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Овие две селекции веќе се сретнаа еднаш на Мундијалот, во групата „Ф“ ремизираа без голови (0:0).
Хрватите предводени од Златко Далиќ сакаат да го повторат успехот од СП 1998 кога „коцкестите“ беа бронзени.
– Пред четири години направивме уште поголем успех со среброто, а секое ново светско првенство значи многу. Можеби таа бронза (од СП 1998) имаше поголемо значење, но ни оваа нема да биде помалку значајна, ако даде Господ – вели Далиќ.
Од друга страна составот на Валид Реграги ќе се обиде да биде првата африканска репрезентација која успеала да се закити со медал од светските првенства.
– Играчите разбираат дека да се биде трет или четврти не е исто. Сакаме да го завршиме СП со победа. Нè чека важен натпревар и покрај разочарувањето, бидејќи се надевавме на финале. Ќе дадеме сè од себе иако сме психички и физички исцрпени – се зборовите на Реграги.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
26мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5