Тепачка / илустрација /

Хорор во Србија: Внук ги заклал баба си и дедо си, па избегал

Мештаните раскажуваат дека ќерката на убиените, загрижена што не можела да ги добие родителите, го испратила сопругот до нивната куќа, каде со полицијата ја пронашле брачната двојка брутално убиена, наводно од нивниот внук по семејна расправија.

Брачна двојка на возраст од 76 и 79 години е убиена утринава околу четири часот во близина на Деспотовац, Србија, од засега непозната причина, објави „Мондо“.

Лекарите на Итната помош само можеле да констатираат смрт. Според досегашните информации од истрагата, двојното убиство се случило околу четири часот изутрина.

„Се сомнева дека злосторството го извршил нивниот внук, стар 39 години, кој по ужасното убиство побегнал. Наводно, тој со денови доаѓал кај баба си и дедо си, а вчера дошол со својот камион за да ги посети. Од засега непознати причини се случило двојното убиство, а осомничениот убиец, наводно, по крвавиот чин го зел автомобилот на својот дедо и побегнал“, изјавил извор.

Зетот ги пронашол телата

Мештаните тврдат дека брачната двојка имала две ќерки, од кои едната живее во соседното село, а другата живее и работи во Италија. Помладата ќерка на Момчило и Живадинка, односно тетка на осомничениот М. М., се обидувала да ги добие родителите на телефон. Ги барала и на фиксниот и на мобилниот. Кога не добила одговор, се вознемирила и наводно му рекла на својот сопруг да оди до нивната куќа и да провери што се случува и зошто не се јавуваат.

„Наводно, човекот не можел да влезе во куќата, па повикал полиција. Заедно со полицајците влегол внатре и таму затекнале ужасна глетка. Крв имало насекаде. По расправија, како што слушнавме, внукот зел нож и ги избол баба си и дедо си, а на крајот, наводно, и ги заклал“, велат тие.

„Јадни луѓе, тие го одгледаа, а тој им пресуди“

Според мештаните, осомничениот М. М. со денови доаѓал кај баба си и дедо си.

„Ги уби ѕверски! Јадни луѓе. Наводно, по злосторството го зел дедовото возило и побегнал, кој знае каде е сега. Верувајте, тоа беа толку добри луѓе, без никаква дамка. Домаќини од стар калап, како што велат. На пат убаво си ги изведоа двете ќерки, но изгледа на крајот внукот им пресуди. Се зборува дека имале расправија околу пари за некоја стока што требало да се продаде. Наводно, внукот ја зел стоката да ја продаде, но не му ги дал парите на дедото. Веројатно се скарале околу тоа, но истрагата ќе утврди. Повторно ќе кажам, јадни луѓе. Убиени се како криминалци, а сè му пружија на тоа дете. Трагедија. Се надеваме дека овој безобразник ќе плати за сè што им направи“, велат мештаните на селото во близина на Деспотовац, објави Мондо во друг текст.

Лекарите на Итната помош само можеле да ја потврдат смртта на брачната двојка, а дежурниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Јагодина, кој сè уште е на терен, наредил телата да бидат испратени на обдукција за да се утврди од кои повреди настапила смртта.

Интензивно се трага по осомничениот, а истрагата е сè уште во тек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот