Хируршката маска може да се замени со марама или шал, вели Филипче

Фото: EPA-EFE/ROBERT GHEMENT

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека нема информација дека сега има дополнително зголемување на цените на маските, но ќе сигнализира до двата надлежни инспектората да направат увид.

Тој денеска на прес-конференција појасни дека  не мора задолжително да се носи хируршка маска без разлика дали е двослојна или трослојна, туку таа може да се замени и со шал, марама или шамија.

– Сите овие материјали апсолутно спречуваат капките да циркулираат меѓу луѓето посебно кога е дистанцата помала од два метра. Затоа, носењето на заштитната опрема како дополнителна мерка во однос на одржувањето на дистанцата тогаш кога не може да се одржи сметам дека ќе има сосем доволен ефект тоа што сакаме да го постигнеме, рече Филипче.

Прашан за начинот на кој функционира кумановската болница, Филипче одговори дека и покрај тоа што болницата во одреден период се соочила со недостаток на кадар, сепак, со дополнителна помош од Скопје и Штип, сите одделенија биле во функција, а болницата добро ја извршувала работата.

– Секојдневно се уште сме во комуникација и во однос на потребата за кадар, и за заштитни материјали така да сметам дека тој процес беше целосно под контрола и во ниеден момент, дури и со помал број на кадар во одредени одделенија успеавме и со тие процеси на едукација кој што тренирани медицински сестри го пренесуваат знаењето на вработените таму болницата сосем добро да функционира, додаде Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот