ХЕРА го отвори првиот Центар за поддршка и советување мажи

Асоцијацијата за здравствена едукација ХЕРА, го отвори првиот ММ- Центар за советување и поддршка на момчиња и мажи. Центарот ќе нуди бесплатни советувања кои ќе ги спроведуваат психотераевти и психолози.

Советувањата ќе се спроведуваат со физичко присуство или преку виртуелни канали. Центарот ќе биде отворен за советувања вторник, среда и четврток од 10 до 17 часот. Термините може да се закажат на 070/299-026, или на мејл адресата [email protected] како и на Инстаграм профилот man.mind.skopje.

Според ХЕРА ваков тип на центри се неопходни во системот за што укажуваат и сите податоци и истражувања направени во изминатите неколку години.

Наодите од меѓународната ХБСЦ студијата посочуваат дека насилството меѓу момчињата во Македонија најчесто се случува во или меѓу групите врсници.

Дури 24 проценти од момчињата (наспроти 8 проценти од девојчињата од паралелки на македонски наставен јазик), и 21 процент од момчињата (наспроти 2 проценти од девојчиња од паралелки на албански наставен јазик) учествувале во тепачки, два или повеќе пати во изминатите 12 месеци. Момчињата се далеку понасилни од девојчињата пред се поради отворената поддршка на таквото однесување, кое се доживува како начин на „машко“ растење, чија последица може да биде повредување на другите или самоповредување.

Дополнително резултатите од неодамнешното истражување на Националниот младински совет на Македонија, покажувааат дека младите имаат сериозни предизвици со менталното здравје. Податоците од ова истражување се поразителни – дури 58 проценти од младите се борат со анксиозност, а 64 проценти се чувствуваат депресивно.

Истражувањето пак на Реактор кажува дека мажите се најголем дел од жртвите на насилни злосторства, како што се тешки напади и убиства, а кои ги вршат други мажи. Понатаму, мажите имаат поголеми изгледи за самоубиство. Според истото истражување – младите момчиња и мажи, кои се соочуваат со анксиозност или депресија, чувствуваат страв за споделување на тоа што го мислат или чувствуваат, односно сметаат дека доколку ги споделат проблемите кои им го отежнуваат секојдневието, тоа би ги направило во очите на другите „слаби мажи”.

Овие податоци кои ја опишуваат сликата за менталното здравје на момчињата и мажите кај нас, тогаш јасно е зашто ни е потребен ваков центар за поддршка.

Овој центар ќе овозможи безбедна и пријатна средина во која момчињата и мажите отворено ќе зборуваат за своите потреби и ќе побараат поддршка без некој при тоа да ги етикетира. Тие сега ќе имаат свое место во кое отворено ќе може побараат решение за предизвиците и место во кое ќе може момчињата и мажите да добијат поддршка за емоционален раст и развој.

Психотерапевтите ќе работат по моделот на Австриското Здружение за машки и родови прашања Стирија од Грац, Австрија (Verein Für Männer- und Geschlechterthemen Steiermark, Austria), а со финансиска поддршка од австриското Сојузно министерство за социјални прашања, здравство, грижа и заштита на потрошувачите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот