
Хемикалија особено штетна за бебиња и мали деца пронајдена во овошје од Италија
Недозволени нивоа на штетна хемикалија се откриени во овошје увезено од Италија. Станува збор за бело трпезно грозје кое се продавало во Словенија и Хрватска. Откриено е дека содржи високи нивоа на пестицидот ацетамиприд, неоникотиноиден инсектицид кој ги убива штетниците со таргетирање на нивниот нервен систем, предупредува Даница.хр.
Препорачано
Словенечките инспектори зедоа примерок од малопродажна продавница таму и открија дека содржи 0,23 мг/кг ацетамиприд, што е три пати повеќе од дозволената вредност. Италијанското грозје завршило и во Хрватска, вели Европската агенција за безбедност на храната. Сепак, не е познато каде или кога. Во секој случај, тие велат дека ризикот за здравјето на луѓето бил сериозен и потрошувачите се повикуваат да не го консумираат грозјето за кое станува збор.
Ацетамипридот е една од главните причини за масовни смртни случаи на пчели низ целиот свет, а неодамнешните студии покажаа дека е многу опасен и за луѓето, особено за малите деца. Научниците заклучија дека неоникотиноидите како што е ацетамипридот можат да го поттикнат ракот на дојка и да предизвикаат неплодност. Покрај тоа, тие можат да им наштетат на мозоците на неродените деца и бебињата бидејќи имаат сличен ефект врз нив како никотинот.