
Хари и Меган се гоштеваа со јагнешки котлети, пилешко со кари сос и чили пиперчиња – Дали сè уште ја живеат љубовната приказна од соништата?
Исто како и минатата година, кога сè уште оставаа впечаток на совршено хармоничен пар кој ја живее љубовната приказна од соништата, принцот Хари и Меган Маркл го прославија отворањето на игрите Инвиктус со посета на ресторанот во кој неодамна беа и принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.
Препорачано
По подолго време во кое не се појавуваа заедно во јавноста, принцот Хари и Меган Маркл блескаа на отворањето на игрите Инвиктус, а потоа уживаа во вечерата со пријателите.
Секојдневни гласини за развод
Изминативе месеци, двојката беше толку ретко видена заедно што шпекулациите за одвоениот живот и разводот стануваа сè почести, па дури се споменуваше дека војвотката од Сасекс работи на книга во која ќе открие сè за крајот на нивната љубов.
Но, сепак се испостави дека сето тоа се класични холивудски озборувања. Јасно е дека нема ништо од книгата, а според впечатокот што го оставаат во јавноста, парот е во хармонични односи.
Тоа го потврди и романтичната вечера во популарниот индиски ресторан „Виј“ во Ванкувер, каде што им се придружија блиските пријатели Мајкл Бубле и неговата сопруга Луисана, и пријателката на Меган, Шантел Хемфри и нејзиниот сопруг Лук.
„Тие се одлични, прекрасни луѓе, многу пријателски расположени. Меган е неверојатна и уживаше во целата храна. Ги запамтила чили пиперчињата од минатиот пат и бев фасциниран што знаеше дека зборот бхинди е збор за бамја“, изјави сопственикот на ресторанот Викрам Виј за Hello!, откако претходно сподели нивна заедничка фотографија на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Тој, исто така, откри дека принцот Хари јадел јагнешки котлети со мента и дека сите заедно „јаделе многу“, вклучително и пилешко со путер и тестенини со ракчиња и кари сос од кокосово млеко, што особено ѝ се допаднало на Меган.
Елегантен моден избор
На отворањето на игрите Инвиктус посебно внимание привлече елегантната Меган која се појави во прекрасно палто на српската дизајнерка Бојана Сенталер.

Поранешната актерка блесна во беспрекорна модна комбинација, избирајќи елегантен беж капут со двојно закопчување, кој го искомбинира со црн топ и салонки од познатиот бренд Aquazzura. Сепак, она што особено го привлече вниманието на модните познавачи беа нејзините луксузни модни додатоци: златна нараквица Cartier Love и особено значајно парче, златен часовник Cartier Tank кој ѝ припаѓал на принцезата Дијана.