Фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Хаос во Бакингемската палата! На божиќната забава за вработените дошло до физичка пресметка, летале чаши, имало и апсење

Вработени на кралот Чарлс Трети направиле вистински скандал! Сè се случило по божиќната забава за вработените, а поради инциденотот морала да интервенира и полицијата.

И додека кралското семејство е вознемирено од болестите на некои од членовите, иднината на монархијата и доаѓањето на тронот на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, тие добија дополнителна грижа поради неодамнешниот немил настан на божиќната забава за вработените во кралското семејство.

Според пишувањата на странските медиуми, полицијата била повикана во барот „All Bar One“ на улицата „Викторија“ во близина на Бакингемската палата, откако дошло до физичка пресметка во која летале чаши околу барот. Сè започнало со свечен дочек во Бакингемската палата во 16 часот, по што околу 50 членови на персоналот се упатиле до барот каде продолжиле со прославата.

„Тоа беше сосема различно ниво на пијанство. Никогаш не сум видел една личност да полудува толку за време на ноќно излегување. Тоа беше шокантно“, рекол еден од сведоците, според „Индепендент“.

Наводно настанала расправија меѓу вработена за кој се претпоставува дека е собарка и надзорникот, а собарката наводно го удрила надзорникот и фрлила стаклени чаши кон него. Тогаш 24-годишната „хистерична членка на персоналот“ била уапсена поради напад, материјална штета и пијанство, а околу 24 часа подоцна била пуштен со парична казна.

Сакате палто кое ќе изгледа како ново со години? Одберете го овој материјал, кралот Чарлс го носи повеќе од три децении

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот