Хамилтон се уште го боли трката во Абу Даби: Јасно е дека бев ограбен!

Фото: EPA-EFE/Zoltan Balogh

Седумкратниот светски шампион, Луис Хамилтон повторно ја коментираше познатата трка од 2021 година во Абу Даби. На таа трка возачот на Мерцедес во последниот круг ја изгуби титулата, по контроверзната одлука на тогашниот директор на ФИА, Мајкл Маси.

Таа одлука ја искористи Холанѓанецот Ферстапен кој го помина Хамилтон и победи, а од тој момент и започна неговата доминација.

„Дали сум ограбен? Јасно е дека сум. Сите знаете што се случи. Ми помогна што мојот татко беше со мене во тој момент, ми зборуваше дека можам да ја кренам главата и покрај се“, истакна Хамилтон.

Британецот зборуваше и за моментите по трката.

„Му честитав на Макс и знаев дека сите ме гледаат мене. И понатаму чувствувам болка кога ќе ја гледам таа трка, но можам да се носам со тоа“, објасни британскиот возач.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот