Луис Хамилтон сака на вистински начин да доаѓа до победите во Ф1 шампионатот/Фото: EPA-EFE/Emilio Morenatti

Хамилтон на две победи од јубилеј, светскиот шампион ја освои и „Каталуња“

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон славеше денеска на Големата награда на Шпанија, четврта трка оваа сезона во Формула 1 шампионатот.

Седумкратниот светски шампион на патеката „Каталуња“ дојде и до третиот триумф во шампионатот, а 98 во неговата кариера.

Второпласиран е членот на „Ред Бул“, Макс Ферстапен, а на третата позиција се најде вториот пилот на „Мерцедес“, Валтери Ботас.

Британецот води во генералниот пласман кај возачите со 94 бодови, 14 повеќе од Ферстапен, а трет е Ботас (47).

Ф1 сезоната ќе продолжи на 23 мај за Големата награда на Монако.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот