Израелски заложници на Хамас/Фото: Скриншот

ВИДЕО | Хамас објави ново видео со двајца израелски заложници

Вооруженото крило на палестинското исламистичко движење Хамас денес објави видео на кое се гледаат дека се живи двајца израелски заложници во Газа, а еден од нив повикува на прекин на војната на таа палестинска територија.

Израелските медиуми ги идентификуваа двајцата мажи во видеото, кое трае нешто повеќе од три минути, како Елкана Бохбот и Јосеф-Хаим Охана. Тие беа киднапирани во Израел за време на напад на Хамас на 7 октомври 2023 година.

Агенцијата Франс Прес вели дека не може да го утврди датумот кога е снимено видеото.

Израел го блокираше влезот на храна, гориво, лекови и други хуманитарни залихи во Појасот Газа од 2 март, тврдејќи дека тоа е единствениот начин да се принуди Хамас да ги ослободи преостанатите заложници.

По двомесечно примирје, Израел продолжи со бомбардирањето на Газа на 18 март и окупираше големи делови од неа, тврдејќи дека целта била и ослободување на заложниците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот