Хамас го покани Маск да ја посети Газа

Илон Маск со Бенјамин Нетанјаху во Израел/ Фото EyePress News / Shutterstock Editorial / Profimedia

Висок функционер на Хамас го покани милијардерот Илон Маск да го посети Појасот Газа за да го види степенот на уништувањето предизвикано од израелското бомбардирање.

„Го покануваме да ја посети Газа за да го види степенот на масакрите и уништувањата извршени врз народот на Газа, во согласност со стандардите на објективност и кредибилитет“, рече високиот функционер на Хамас, Осама Хамдан на прес-конференција во Бејрут.

Во понеделникот, Илон Маск, магнатот на социјалните мрежи кој доби голем број критки поради неговото одобрување за антиеврејски објави, го обиколи местото на нападот на Хамас врз Израел и ја изјави својата посветеност да направи се што е неопходно за да се запре ширењето на омраза.

Коментарите на Хамдан доаѓаат еден ден откако привременото примирје меѓу Израел и Хамас беше продолжено за дополнителни 48 часа.

„Во рок од 50 дена, Израел фрли повеќе од 40.000 тони експлозив врз домовите на незаштитените жители на Газа“, рече тој, „го повикувам американскиот претседател Бајден да ги преиспита односите на САД со Израел и да престане да ги снабдува со оружје“.

Зборувајќи за уништувањето на Газа што го направи Израел од почетокот на конфликтот на 7 октомври, Хамдан ја повика меѓународната заедница брзо да испрати специјализирани тимови за цивилна одбрана за да помогнат во извлекувањето на телата кои сè уште се заробени под урнатините. Според палестинското Министерство за надворешни работи, илјадници се уште се заробени.

Примирјето договорено минатата недела беше прво запирање на борбите во седумте недели откако Хамас го нападна Израел, при што загинаа 1.200 луѓе и зедоа околу 240 заложници назад во Газа, според израелските податоци.

Како одговор на тој напад, Израел ја бомбардира енклавата и изврши копнена офанзива на северот. Најмалку 16.000 Палестинци се убиени, велат палестинските здравствени власти, а стотици илјади се раселени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот