Гувернерот на Охајо го честита Денот на независноста

Мајк ДеВин, гувернер на Охајо/Фото: Vivien McClain Photography
По барање на Обединетата македонска дијаспора (ОМД), Гувернерот на државата Охајо го прогласи 8ми-септември за ден на Македонската Независност.

„Со оглед на тоа што, на 8 септември 1991 година, Македонија ја стекна својата независност од Југославија и стана суверена парламентарна демократија; и

Со оглед на тоа што, кога се одржа референдумот за македонската независност во 1991 година, учествуваа околу 76% од нејзините граѓани, а повеќе од 96% гласаа за; и

Со оглед на тоа што Македонија е единствената југословенска наследничка држава која независноста ја стекна на мирен начин; и

Со оглед на тоа што, Македонија е млада држава, но стара цивилизација, со археолошки докази кои укажуваат на антички Македонци кои живееле во регионот помеѓу 7000 и 3500 п.н.е.; и

Со оглед на тоа што, денес, Охајо е дом на повеќе од 100.000 Американци со македонско потекло; и

Со оглед на тоа што, помеѓу најпоснатите Американци со македонско потекло во Охајо биле браќата Кираџиеф, Том и Џеф, кој во 1922 година употеба рецепти од нивните родители и Баба и Дедо да го основат Синцинати Чили, кое беше прогласно како 20 најиконски храни во Америка во 2013 година од Смитсониан мусејот, и

Со оглед на тоа што, браќата Кираџиеф го поседуваa и управуваa со Ресторанот „Cincinnati’s Empress Chili”, кој беше затворен во 1979 година кога синот на Том, Џо се пензионираше и го продаде ресторанот, и

Со оглед на тоа што, Денот на Македонската Независност во Охајо ќе се прослави со свеченост во Македонската православна црква Свети Климент Охридски во Авон и со фестивал во Македонската православна катедрала Света Богородица во Рејнолдсбург, и

СЕГА, ЗАТОА, ние, Мајк ДеВин и Џон Хастед, гувернер и поручник гувернер на државата Охајо, го признаваме

ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА НЕЗАВИСНОСТ на овој 8-ми септември 2022 година, стои во неговата објава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот