Гутереш: Простување на долговите и на земјите во развој

Падот на цената на нафтата веќе ги оптовари земјите со средни примања.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска упати апел на земјите во развој да се понуди простување на долговите поради пандемијата од коронавирус, а од ММФ побара да ја разгледа глобалната ликвидност со употреба на валута со специјално право на влечење (СДС).

СДР е пресметковна единица на ММФ, а ја претставува побарувачката на валути и се заснова на групата клучни меѓународни валути.

-Простувањето на долговите не може да биде ограничен на најнеразвиените земји, Мора да биде проширен и на сите земји во развој кои бараат одложување на отплатата на долгови поради губењето пристап до финансиските пазари, нагласува Гутереш.

Земјите во развој кои се веќе во проблеми поради зголемувањето на долговите сега се соочуваат со рекорден пад на глобалната економија, пад на цените на нафтата и  извозот на стока, и со слабеење на локалните валути.

Падот на цената на нафтата веќе ги оптовари земјите со средни примања.

Групата 20, вклучувајќи ја и Кина и Парискиот клуб на кредитори, во април понуди да се суспендира билатералната отплата на долговите за 77 најсиромашни држави до крајот на годината. До сега само 22 земји побараа одложување на отплатата на долговите.

Германската канцеларка Ангела Меркел го поддржа апелот на Гутереш ММФ да ја разгледа употребата на СДР валутата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот