Гуру обвинет за силување жени кои вежбале јога во неговиот клуб

Грегоријан Биволару / Фото STRINGER / AFP / Profimedia

Шеф на мултинационална организација за јога е уапсен во Франција под сомнение дека ги индоктринирал женските следбеници за сексуална експлоатација. Грегоријан Биволару, романски гуру во срцето на Федерацијата Атман Јога, бил приведен во вторникот за време на масовна полициска операција низ регионот на Париз, според француски судски функционер.

71-годишникот е меѓународно познат учител по јога и автор чија федерација, позната и како Движење за духовна интеграција во апсолутното (Миса), е со седиште во Англија. Движењето има многу школи и ограноци за јога, изјави извор близок до истрагата. „Тешко е да се измери бројот на следбеници“, но „тоа се неколку стотици луѓе“. Уапсени се и неколку други лидери на сектата, велат изворите на Еуроњуз.

Според француските власти, истрагата против Биволару и Федерацијата започна во јули 2023 година, откако беа објавени извештаи за психолошка манипулација и сексуална експлоатација во рамките на организацијата. Поранешните членови на Миса прво ги предупредија властите за наводните злоупотреби во јули 2022 година.

Според француските власти, Биволару е обвинет за трговија со луѓе, организирано киднапирање, силување и организирана злоупотреба на слабост од членови на една секта.

Меѓународната полициска агенција Интерпол, исто така, издаде известување за апсењето на Биволару во име на властите во Финска, каде што тој се бара за наводна тешка трговија со луѓе. Веб-страницата на федерацијата Алтман и другите сајтови на Биволару тврдат дека тој е жртва на широк заговор за негова дискредитација.

Во рациите во Франција беа вклучени 175 полицајци и резултираа со други 40 апсења низ француската престолнина Сена и Марн, Вал-де-Марн и поморските Алпи. Неколку локации што ги користела организацијата, каде што 26 жени наводно биле индоктринирани и принудени на сексуални практики, биле цел на операцијата.

Опишани како „ашрами“, локациите служеле како дом за жени избрани од Биволару за започнување со тантра јога, велат француските власти. Биволару, кој е осуден за силување малолетник во неговата родна Романија, ја основал Миса во 1990 година. Организацијата се прошири на меѓународно ниво како Федерацијата Атман Јога.

Француската истрага откри докази дека учениците биле принудени на сексуални активности кои вклучуваат учество во експлицитни видео разговори за парична добивка, наведе судскиот службеник. Овие наводни активности, наводно извршени под изговор на учења за тантра јога, формираа дел од сложениот систем на финансиска експлоатација и контрола, рече официјалниот претставник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот