Грузија гневна на Украина за вдомувањето на нивниот екс претседател Саакашвили

Mikheil Saakashvili during his visit to Ukraine within the frame of Euromaidan events. December 7, 2013.

По Саакашвили е распишана потерница затоа што тој од грузиски суд во 2018 година беше осуден за злоупотреба на службената положба.

Грузија гневна го „врати својот амбасадор во Киев на консултации”  затоа што нејзиниот поранешен претседател Михаил Саакашвили стана советник на претседателот на Украина, каде живее во егзил и има државјанство од оваа земја.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера го назначи Саакашвили за шеф на Извршниот одбор на Националниот совет за реформи.

Иако потврди дека тоа ја разгневило Грузија, нејзиниот министер за надворешни работи Дејвид Залкалијани денеска изјави  дека „ние не размислуваме за прекинување на дипломатските односи, ниту за ревизија на нашето стратешко партнерство”.

Министерот потсети дека е распишана потерница по Саакашвили затоа што тој од грузиски суд во 2018 година беше осуден за злоупотреба на службената положба во перидот од 2004- 2013 година,  кога беше шеф на државата.

Украинскиот претседател Зеленски денеска изјави дека неговата земја нема да се одмаздува против овој потег на Грузија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот