Игор Џамбазов / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Груевски го носел Џамбазов на ушка

Познатиот шоумен Игор Џамбазов во емисијата „Претрес со Ландов“ се потсети дека со експремиерот Никола Груевски настапувал во претставите „Чија си“ и во „Грев или шприцер“.

— Тој уживаше во тоа. Беше вљубеник во театарот. Имаше сцена во „Грев или шприцер“, во која Груевски ме носеше на ушка кога ме испраќаа во војска. Не знам дали сега оди во театар, чуден е јазикот таму — рече Џамбазов.

Шоуменот не верува дека ќе дочека да настапи во реновираната Универзална сала, во која има најмногу настапувано.

— Не требаше таа да се урива, таа се самозапали — рече Џамбазов чијашто голема желба е повторно да заживее Универзална сала.

Пејачот говореше и за неговиот обид да влезе во политиката, велејќи дека освоил повеќе гласови од Павле Трајанов и Васил Тупурковски заедно.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот