грнчаров
Тренерот на Бобан Грнчаров останува шеф на стручниот штаб на ФК Вардар/Фото: facebook.com/FKVardarSkopje

Грнчаров уште три години ќе биде тренер на Вардар

Спортскиот директор Александар Бајевски го продолжи договорот со фудбалскиот клуб Вардар за наредните три години.

Бајевски моментно активно работи на засилувања за наредната сезона за кои јавноста ќе биде известена во наредниот период.

Исто така Бобан Грнчаров е назначен за шеф на стручниот штаб во наредните три сезони кој како вршител на должноста тренер на Вардар во целост ја оправда укажаната доверба.

Помошници на тренерот Грнчаров ќе бидат Златко Таневски и Един Нурединовски.

Годинава не успеаја да се вратат во елитата, па следната второлигашка сезона ќе биде нова можност за скопските „црвено-црни“.

„Комити“: Вардар организациски е една обична нула, потпросечен второлигашки тим

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот