Фото: Pexels / Kaboompics.com

Грешка што ја прават сите: Фармерките перете ги само на оваа температура

Перењето фармерки не е само уште една здодевна задача – тоа е посебна вештина. Ако ги ставите во машина за перење без размислување, ризикувате да го избледите вашиот омилен пар панталони кои наскоро ќе престанете да ги носите.

За да не ви се случи ова, ви носиме практичен водич за правилно перење на фармерките, за да ја задржат бојата, формата и еластичноста и да траат со години. И првото и најважно: не претерувајте со перењето. Фармерките не се маица за вежбање, нивното перење по секое носење само го скратува нивниот животен век.

Идеално е да ги перете на секои 3-4 носења, освен ако не сте го поминале денот на музички фестивал, во прашина, кал или летни горештини.

Ако не се видливо валкани и немаат непријатен мирис – само проветрете ги. Ако ги оставите преку ноќ на тераса е доволно за да ги направите добри како нови. Уште еден необичен, но ефикасен трик? Замрзнувач. Да, добро прочитавте. Ниската температура ги уништува бактериите и ги неутрализира мирисите. Ако сте скептични – има и дезодоранс за ткаенини, како брзо решение.

Инаку, идеалната температура за перење на фармерки е 30-40 степени Целзиусови – доволно за да ги исчистите, а да ги зачувате нивната боја, форма и еластичност.

Секако, проверете ја етикетата пред секое перење – бидејќи понекогаш производителите имаат свои правила кои не ги следат општите препораки.

Иако звучи како добра идеја, омекнувачот и фармерките не се добар пар. Омекнувачот за ткаенини ги ослабува влакната и остава слој кој не дозволува ткаенината да „дише“.

Наместо тоа, обидете се со природна алтернатива – бел оцет. Две лажици во преградата за омекнувач ќе ја омекнат ткаенината и ќе го зачуваат интензитетот на бојата. Природно, едноставно и без компромиси.

Фармерките се класика која никогаш не излегува од мода – затоа негувајте ги со љубов и тие со години ќе ве придружуваат во сите ваши стилски авантури.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот