
Грција преку Литванија до полуфинале, за првпат по 16 години
Кошаркарската репрезентација на Грција обезбеди место меѓу четирите најдобри на Стариот континент, откако вечерва во четвртфиналето ја совлада Литванија со 87-76 и закажа полуфинален дуел со Турција на Европското првенство.
Препорачано
Ова е прв пласман во полуфинале за Грција по цели 15 години, а воедно и најголем успех на националниот тим во „ерата на Адетокунбо“, кој повторно беше во центарот на вниманието со блескава партија.
Грција имаше контрола врз натпреварот од самиот почеток. Иако Литванците отворија со серија од 7-0, предноста брзо беше анулирана, а до средината на втората четвртина Грција веќе имаше двоцифрено водство (35-24).
Литванија успеа привремено да се врати и да намали на само еден поен разлика до крајот на првото полувреме, но второто полувеме повторно беше во знакот на грчкиот состав, кој во последната четвртина целосно го диктираше темпото.
Јанис Адетокунбо беше најефикасен со 29 поени и 6 скока, додека одлична поддршка доби и од Толиопулос со 17 и Слукас со 11 поени.
На спротивната страна, Јонас Валанчиунас доминираше под кошевите и запиша дабл-дабл учинок од 24 поени и 15 скока, но немаше доволна поддршка од останатите играчи за да спречи ново разочарување за Литванија.
Грција сега го насочува фокусот кон полуфиналниот дуел со Турција, кој ветува вистински балкански спектакл во Рига.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4час
-
4час
-
4час
-
4час
-
5час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5