Грчката полиција ги пронајде двете исчезнати тинејџерки

Лого на организацијата „Насмевка на детето“/Фото: Facebook/Το Χαμόγελο του Παιδιού - The Smile of the Child

По ноќ помината надвор од своите домови, грчката полиција вчера утро ги пронајде двете девојчиња на возраст од 13 и 14 години кои исчезнаа на 30 ноември од предградието Калитеа во Атина откако се качиле во такси и заминале во непознат правец

Според соопштението на грчката невладина организација „Насмевката на детето“, двете девојчиња биле пронајдени во петокот наутро и се во добра здравствена состојба.

Авантурата на 13-годишната Елефтерија С. и 14-годишната Катерина П. утрово заврши, ставајќи крај на маката на луѓето кои ги бараа. Елефтерија С., 13-годишна и Катерина П., 14-годишна се затекнати на подрачјето на општина Агиос Димитриос и се во добра здравствена состојба. „Насмевката на детето“ ќе биде во близина на Елефтерија С., 13 години и Аикатерини П., 14 години, за да пружат психолошка поддршка и се што е потребно, соопштија од оваа Организација.

Инаку, во последните 2 месеци, Катерина трет пат трет пат се оддалечила од својот дом, два пати со Елеферија и еднаш сама. Во сите случаи е издаден аларм за итна потрага по изчезнатите деца од страна на организацијата која меѓудругото ги алармира грчките граѓани за исчезнати малолетници и други лица на територијата на Грција.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот