ФОТО: Две грчки тинејџерки на 13 и 14-годишна возраст вчера исчезнаа од Калитеа

Се трага по две исчезнати тинејџерки во Грција/Фото: Фејсбук/Насмевка на детото-Грција

Грчката полиција од вчера трага по две девојчиња, на возраст од 13 и 14 години, кои исчезнаа од областа Калитеа во Атина.

Станува збор за 13-годишната Елефтерија С. и 14-годишната Катерина П.

Веројатно девојчињата се качиле во такси до непозната дестинација, објавија грчките медиуми.

-Грчката невладина организација „Насмевката на детето“ ја ажурираше својата страница во четвртокот на 30 ноември и веднаш по наредба на обвинителството пристапи кон објавување на деталите за малолетниците, бидејќи постојат причини кои ги доведуваат во опасност нивните животи. Елефтерија С. има црна коса, кафени очи, висока е 1,70 метри и тежи 85 килограми. На денот кога исчезна таа носеше црни спортски панталони со бела лента, беж блуза, црна јакна и бели тренерки. Катерина П. има кафена коса, кафени очи, висока е 1,65 метри и тежи 80 килограми. На денот кога исчезна таа носеше бела блуза, црн капут, црни панталони и бели тренерки, објавуваат медиумите.

Секој граѓанин со каква било информација се замолува да контактира со „Насмевката на детето“ телефонски 24 часа на ден, на „Националната телефонска линија за исчезнати возрасни – 1017“, во сите полициски одделенија во државата и преку апликацијата Missing Alert каде што има информации во живо за исчезнувањето. Можете да го преземете за мобилни телефони со Андроид и Епл.

Двете девојчиња во октомври исто така исчезнале заедно, па се пронајдени, а за Катерина уште еднаш кон крајот на октомври исто така е организирана потрага преку организацијата и брзо е пронајдена.

Оваа грчка организација која алармира за исчезнати деца не само во Грција туку и во регионот вчера го објави и исчезнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје по која македонската и полиција трага веќе четврти ден, а од пред два дена издадена е и жолта потерница за исчезнати лица на Интерпол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот