Граѓаните ако видат лабави жици за струја да пријават во ЕВН или на 112, вели Ангелов

Граѓаните да пријават во ЕВН или на бројот 112 доколку забележат лабави жици од бандерите за струја, повика директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Тој предупреди дека жиците претставуваат потенцијална опасност за појава на пожари.

„Сите знаеме од физика дека телата при загревање се шират но жиците се издолжуваат и на средината се допираат, летаат искри паѓаат во сувата трева и за миг пожарот се шири“ објасни Ангелов и се пошегува дека ова толкување ќе му го извадат на социјалните мрежи.

Тој вели дека екипите на ЕВН не можат постојано да ги контролираат жиците, особено во некои напуштени села.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот