Фото: CIAOPIX - COBRA TEAM / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Градските власти демантираат дека Безос има намера да приватизира цели делови од Венеција за венчавката со Санчез

Основачот на Амазон, Џеф Безос и неговата свршеница, новинарката Лорен Санчез, треба да се венчаат во Венеција на крајот на јуни.

Еден италијански весник неодамна објави дека свадбата на Безос ќе трае три дена и дека на прославите ќе присуствуваат по 250 гости секој ден, меѓу кои би требало да биде и Доналд Трамп. Се шпекулира дека богаташот веќе резервирал пет луксузни хотели, како и импресивен број гондоли и водени такси за превоз на гостите и место за неговата мегајахта.

Но од Градското собрание на Венеција денес е издадено соопштение во кое се осудуваат „лажните вести“ и се демантират информациите дека Безос има намера да приватизира цели делови од градот.

„Бројните шпекулации и лажни вести кои во последно време кружат за свадбата на Џеф Безос се целосно неосновани“, уверуваат од општината. „Поканети се само 200 гости. Затоа, на Венеција ќе ѝ биде лесно да биде домаќин на ваков настан без тоа да биде пречка за градот, неговите жители и другите посетители.“

Од општината посочија дека во Венеција редовно се одржуваат многу позначајни меѓународни настани од ова, од политички самити до познатата Мостра.

Градоначалникот Луиџи Бруњаро ја поздрави одлуката на парот да се венча во неговиот град, а за венецијанското издание на италијанскиот весник „Кориере дела сера“ изјави дека економските придобивки од венчавката би можеле да се бројат во милиони долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот