Готово: Венсан Компани ќе биде новиот тренер на Баерн

Венсан Компани/фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Според голем број на фудбалски експерти, доста чуден е потегот на германскиот гигант Баерн од Минхен кој планира за нов тренер да го ангажира Венсан Компани.

Белгиецот до сега нема големи успеси и искуство во тренерската кариера, сезонава прими многу критики поради игрите на Барнли кој не успеа сезонава да обезбеди опстанок во Премиер лигата.

Пред да се пресели во Англија, го тренираше и Андерлехт, а како играч во Германија ги бранеше боите на Хамбургер.

Како што објави новинарот Фабрицио Романо, Компани ќе биде новиот тренер на Баерн со договор на три години.

Германците ќе му платат на Барнли надомест од 12 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот