Ренато Санчез ќе игра за париските „светци“/Фото: EPA-EFE/Kiko Huesca

Готово: Ренато Санчез за 15 милиони евра во ПСЖ

Ренато Санчез летово ќе направи трансфер во редовите на ПСЖ, пренесува новинарот Фабрицио Романо на својот Твитер профил. Лил ја послуша желбата на португалскиот репрезентативец чиј трансфер во францускиот шампион ќе вреди 15 милиони евра. Личните услови се договорени одамна, а лекарските прегледи на играчот се закажани во Париз.

Претходно за Португалецот интерес покажа и италијанскиот првак Милан кој за најдобриот млад играч на Европа за 2016 година нудеше 16 милиони евра.

Истата година со португалската репрезентација успеа да биде европски шампион, а потоа во Баерн се пресели за 35 милиони евра, но не се снајде најдобро во баварскиот гигант. Не помогна ни позајмицата во Свонси, но во Лил веруваат дека и натаму време Санчес да се врати во правата форма.

Новиот тренер на ПСЖ, Кристоф Галтие одлично го познава од периодот кој го помина во Лил, па неговиот повик придонесе да се пресели во Париз. Според информациите на „Лекип“, конечниот договор меѓу двата клуба бил постигнат во вторник нешто пред полноќ.

Колкава минутажа ќе има 25-годишниот Португалец наскоро ќе видиме во својот нов клуб, но неговиот ангажман навестува скорешно заминување на барем еден од тројцата централни играчи од средниот ред – Вајналдум (го бара Рома), Паредес (Јувентус) или Геје (Евертон).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот