twitter.com/asroma

Готово: Мхитарјан слета во Рим! (ФОТО+ВИДЕО)

Хенрик Мхитарјан веќе пристигна во Рим за да ја комплетира позајмицата во редовите на италијанската Рома.

Римската „волчица“ постигна договор со Арсенал за ангажман на Мхитарјан, а се наведува дека клубот од Рим ќе ја има опцијата да го откупи неговиот договор.

За „топчиите“ досега имаше 59 натпревари и реализирани девет голови.

Рома исто така одлучи и за Никола Калиниќ од Атлетико Мадрид, на позајмица со опција да го откупи за 10 милиони евра и тој синоќа исто така слета во главниот град.

Поранешниот напаѓач на Фиорентина и Милан се враќа во Серија А, додека Патрик Шик се сели во Лајпциг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!