Гостивар: Полицијата за само два часа откри девет дефектни автобуси и комбиња

фото: илустрација

За само два часа утрово, гостиварската полиција открила девет неисправни автобуси и комбиња кои превезувале патници, соопшти Одделението за внатрешни работи од овој град.

„Денеска (14.12.2021) во периодот од 06.00 до 08.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар спровеле акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници на поширокото гостиварко подрачје, претежно автобуси и комбиња. При контролата, откриени и законски санкционирани се 9 неисправни возила“, се вели во полициското соопштение.

Четири од исклучените возила имале неисправни сопирачки, на едно му бил расипан системот за управување, додека четири биле со неизвршен технички преглед. Пет од неисправните автобуси и комбиња биле исклучени од сообраќај и на возачите им биле издадени соодветни казни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот