
„Голема македонска свадба“: Македонката која победи на австралискиот „The Bachelor“ имаше романтична венчавка во Мелбурн
Македонката Ирена Србиновска, која е по потекло од Битола, победи во осмата сезона на австралиското реално шоу „The Bachelor“ („Ергенот“). Таа успеа да му го освои срцето на посакуваниот „ерген“ Локлан Гилберт, за чие срце се бореа повеќе девојки.
Препорачано
Три години подоцна, Ирена и Локлан се сè уште многу вљубени, а неодамна ја крунисаа нивната љубов со брак. Тие направија романтична и тајна свадбена церемонија на 10 март во Мелбурн.
„Нашите гости мислеа дека присуствуваат на забава за нашата веридба. Беше неверојатно специјален момент кога сфатија дека всушност ќе бидат сведоци на нашата свадба“, изјави Ирена за „Ху“ магазин.

Ирена и Локлан, кои инаку живеат во австралискиот град Перт, велат дека имаат многу специјална инспирација кога станува збор за нивниот брак.
„Моите родители се среќно венчани веќе 37 години. Ние треба да исполниме навистина големи очекувања“, вели младата жена.

„Јас сум изненадена од самата себе како успеав да ја одржам свадбата во тајност цели шест месеци, колку што ја планиравме.
Мислам дека некои од нашите гости претпоставуваа дека доаѓаат на свадба наместо на нашата веридба, но повеќето беа изненадени кога им го откривме изненадувањето.
Единствени кои знаеа беа нашите одители, мојата старосватица Ана и кумот на Локи, Клинт“, споделила Ирена.

Во разговор за „Ху магазин“, Локлан споделил дека церемонијата била „една голема и весела македонска свадба“.
„Тоа беше голема македонска свадба, па имаше многу играње, пиење и јадење. Ние сакавме поинаква вибрација. Ние имавме 200 гости, а претходно моравме да ја скратиме листата“, изјави „ергенот“ за „Ху“.
View this post on Instagram
Моментално, заљубениот пар е на меден месец на Фиџи.
View this post on Instagram
View this post on Instagram