Рајан Гослинг и Марго Роби
Рајан Гослинг и Марго Роби на премиерата на „Barbie“ / Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Голем успех: Филмот „Barbie“ заработи над милијарда долари за две недели

Продукциската компанија „Ворнер брос“ објави дека филмот „Barbie“ заработи над милијарда долари од продажбата на билети во САД и ширум светот за околу две недели.

Студиото објави дека филмот заработил 459 милиони долари во домашните кина и 572,1 милион вон САД, така што вкупната заработка досега веќе е 1,0315 милијарди долари. Оваа информација ја потврди аналитичката компанија „Комскор“.

„Како главни дистрибутитери, често и не остануваме без зборови од изведбата на филмот, но ‘Барбилион’ ги надмина дури и нашите најоптимистички предвидувања“, изјави Џеф Голдстин, одг одговорен за домашната дистрибуција на „Ворнер брос“.


Во режија на сценаристката-режисерка Грета Гервиг, во филмот глумат Марго Роби и Рајан Гослинг во главните улоги како Барби и Кен.

ФОТО | Интересен детаљ во „Barbie“: Ламбите во филмот се на еден регионален дизајнерски бренд

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот