Фото: Слободен печат

Голем медиумски интерес за прес-конференцијата на Лавров во Скопје

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров денеска во Скопје ќе одржи прес-конференција, за која има голем интерес меѓу акредитираните новинари што го следат Министерскиот состанок на ОБСЕ. Веднаш по завршување на прес-конференцијата, тој ќе замине од Скопје и нема да присуствува на завршната пленарна сесија на која ќе се носат клучните одлуки за иднината на ОБСЕ.

Заедно со Лавров заминува и руската делегација и руските новинари.

Фото: Слободен печат

Откако Русија ја нападна Украина минатиот февруари, имаше предупредувања дека иднината на Организацијата би можела да биде во криза, поради пречките што ги создава Москва, како што е годишниот буџет на ОБСЕ, но и мандатот на четирите важни позиции во ОБСЕ – генералниот секретар, директорот на ОДИХР, високиот претставник за национални малцинства и претставникот за слобода на медиумите.

Нивните мандати истекуваат на 4 декември, а сè уште нема договор дали и кој ќе ги наследи, поради забелешките на Русија и Белорусија. Неофицијално, според извори за „Слободен печат“, денеска би требало да се донесе одлука за овие четири позиции но нивниот мандат би можел да биде три, четири или до шест месеци.

Министерски состанок на ОБСЕ во Скопје: Денес се очекуваат клучните одлуки

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот