
„ГОЛ-МАШИНА“: Има 14 години, игра како Меси, слави како Роналдо! (ВИДЕО)
Игра за У19 тимот на Борусија Дортмунд (дојде од второлигашот Ст. Паули кога имаше 11 години), неговото име е Јусуфа Мукоко. Во првата сезона имаше 33 голови во 21 меч за У15 тимот на Дортмунд, потоа ја продолжи голгетерската форма за У17 и У19 тимот.
Препорачано
Има 14 години, со договор од 10 милиони евра со „Најк“, скоро 400.000 илјади фанови има на Инстаграм, а досега постигна 105 голови за Дортмунд, вклучувајќи и шест на дебито.
И повозрасни фудбалери не можат да се споредуваат со бројките на овој супетталентиран играч кој реализираше 15 голови во седум мечеви за екипата до 19 години, значи против играчи кои се најмалку четири години постари од него. Овој месец стана и најмладиот играч кој настапил во УЕФА младинската Лига на шампионите.
https://twitter.com/_TheEuroHub/status/1183524444431622144
Мукоко е роден во Јаунде со камерунско, но и германско државјанство. Се очекува во наредните две години да го надмине рекордот на Нури Сахин кој за првиот тим на Борусија Дортмунд дебитираше на 16 години и 335 дена и така стана најмладиот играч во историјата на Бундеслигата.
Претходно интерес за неговите услуги покажа Реал Мадрид, но тој сака само да се фокусира во дресот „милионерите“ со кои моментно има договор до 30 јуни 2022, а во наредните години можно е да потпише и професионален договор.
Во Дортмунд сепак ја „смируваат“ ситуацијата, легендарниот Ларс Рикен кој е шеф на фудбалската школа вели дека Африканецот стои цврсто на земја, но и дека нема гаранција.
– Тоа што дава голови за младинците покажува дека е навистина талентиран, но не е гаранција дека ќе биде професионалец – рече Рикен.
Севкупно има неверојатен учинок досега од 105 погодоци во 65 мечеви за помладите категории. Воедно дебитираше и за Германија со играчи кои од него се постари по две години.