1 октомври 2020, Скопје / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Гогоска: Неопходни се промени во образованието, но овојпат не смее да се згреши

Образованието за жал последниве 20 години остана на маргините на државата, наместо да е во центарот. Ние имавме темелно образование, кое под налетот на рефрмите после осамостојувањето и правењето на експерименти од страна на некоја актуелна власт дојдовме во ќорсокак, од кој најголеми жртви се децата, а инструменти за не (остварување) на тие реформи се наставниците, вели комуникологот и автор Татјана Гогоска за „Слободен печат“, во врска со најавените реформи во образовниот процес од страна на Министерството за образование и наука.

Гогоска зборуваше и за претходните промени во образованието, истакнувајќи дека со воведувањето на деветолетката се случила вистинска какафонија во целиот образовен систем во земјава.

– Со самото воведување на деветтолетката и прифаќање на моделите Оксфорд и Кембриџ настана какафонија во образовниот процес на државава. И тоа со години се таложеше, зголемуваше и дојдовме до ситуација децата во 4-5 одделение да не знаат да читаат, да се изразуваат, творат и плус останаа сиромашни во однос на креативност, хуманизмот,развојот на перцептивните и мисловните сегменти ,кое секое дете ги има како потенцијал а треба да се развиваат . Малку смешно изгледа од ова дистанца набавувањето на лап топи (компјутери )за секој ученик а 80 отсто од нив никогаш не проработеа и завршија во подрумите на училиштата. Ова како илустрација а вакви примери има многу – додава Гогоска.

За најавените промени овој комуниколог вели дека тие се навистина потребни, но дека треба да се внимава за одново да не се згреши, а исто така и апелира дека е потребно да се создаде стручно тело без партиски притисоци и влијанија.

Заев: При подготовка на реформите во образованието ќе бидат консултирани сите засегнати

– Промени во образованието се потребни и неопходни . Но не смее овој пат да се згреши и затоа не смее промените да се прават заради дневно политички и владеачко партиски интереси, набрзина,и никако со посредство на манипулации и лаги. (најновите примери на протнување на промени набрзина со нецелосен увид и стручни лица) Како да се почне? Треба да се формира стручно тело од најквалитетни претставници од Институтите за педагогија, психологија, историја, геогафија, физика, хемија, математика, биологија ИТ секторот, уметничките науки (ликовно,музичко), физичко воспитание ,кое треба да биде навистина стручно, неоптоварено со политика и без партиски притисоци – рече Гогоска.

Таа верува дека само така ќе имаме квалитетно образование од кое ќе произлезат стручни лица кои ќе бидат вистински професионалци во својата област.

– Само така може да се создаде образовен систем кој ќе носи цврсти темели на државата воопшто. Треба да се земе моделот пред деветтолетката надополнет со новите трендови во технологијата и општо човечкиот развој. Затоа што токму тој модел создаде најквалитетни кадри кои се темел се уште на професионализмот во Македонија. Можеме и мораме да го подобриме образованието, но ќе повторам со стручни лица и врвни професионалци во својата област. Ако сака било која држава да оди напред, најнапред треба да даде простор образованието да се постави на квалитетни основи – заклучи Гогоска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот