
Годината во Кинотеката почнува со филмската програма „Кино Утро“
Во текот на зимскиот распуст, на почетокот на јануари, веќе традиционално Кинотеката ја прикажува филмската програма со наслов „Кино Утро“. Оваа година проекциите ќе се одржат од 9 до 18 јануари во киносалата на Кинотеката во Скопје.
Препорачано
Филмската програма „Кино Утро“ содржи играна и анимирана продукција наменета – на најмладите. Кинотека се определи проекциите да се одржат по новогодишните и божиќните празници со прикажување на „Зоки Поки“, македонскиот телевизиски серијал од 10 епизоди.
– Нема двоумење дека најмладите добро знаат што е тоа. Тоа адаптација на нивната омилена лектира, која датира од 1963 година, кога писателката Оливера Николова го објави „зоки Поки“ – истакнуваат од Кинотеката.
Јануари ќе биде надополнет и со анимирани филмови од понова продукција. Најмладата генерација филмофили ќе биде во можност да ги проследи новите авантури на „Нинџа желки: Мутантски хаос“, норвешката продукција „Титина“, германскиот анимиран филм на еколошка тема „Смрдливците – Добредојдовте во Смрдвил“, рускиот филм „Мачки во музејот“, како и македонскиот анимиран филм „Биби и Боби: Пролетна магија“.