Глутници кучиња низ цела држава, нападнати и каснати луѓе во Кичево, Куманово и Скопје

Полицијата во текот на вчерашниот ден има регистрирано напади на луѓе од кучиња скитници во Куманово, Кичево и Скопје

„Вчера во 22.00 часот во Полициската станица Карпош, 38 годишниот И.И од Скопје пријавил дека на ул.„Орце Николов” бил каснат од куче скитник. Во попладневните часови пак во СВР Куманово, 50 годишник од с.Табановце, кумановско, пријавил дека на ул.„Борис Кидрич” во Куманово бил каснат од куче скитник.Вчера исто така во Полициската станица Кичево било пријавено дека на ул.„Маршал Тито” во Кичево 69 годишниот М.И од Кичево била нападната од две кучиња скитници, при што паднала и се здобила со повреди“, соопштија од МВР.

И додека кучињата скитници кои не се згрижени и не добиваат никаков третман ги напаѓаат случајните минувачи, попладнево двете најголеми политички партии ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ излегоа со партиски соопштенија преку кои меѓусебно се обвинија за проблемот со бездомните животни.

Вчера активисти од неколку здруженија за заштита на животните излегоа на протест пред Владата со цел да го кренат гласот против бруталноста кон уличните кучиња и да им порачаат на надлежните дека е време да делуваат на терен.

Протестот се случува по последното масовно убиство на кучиња во Струга, каде насилник со пушка уби десетици улични, но и маалски кучиња и домашни миленици.

ВИДЕО „Анима мунди”: Луѓе со пушки убија десетици маалски и домашни миленици низ улиците на Струга

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!