фото: facebook.com/asanov.senol

„Гладијатор Фајт Штип“ со три медали од Балканското првенство во кик-бокс во Црна Гора

Македонскиот Кик Бокс Клуб „Гладијатор Фајт Штип“ го заврши 17 Балканско првенство во Бар, Црна Гора со три освоени медали.

Марио Алексов во категоријата -57 кг. успеа да се закити со бронзениот медал.

А сребрени медаку имаат Андреј Алексов во категоријата -52 кг. и Јован Јанковски (-47 кг.).

На Балканското првенство учество земаа над 200 натпреварувачи од осум држави: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Црна Гора, Косово, Македонија, Србија и Турција.

Резултатите од сите категории можете да ги погледнете на следниот линк ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот