
Ѓорче Петров организира „Октоберфест“ во септември, настанот започнува вечерва
Вечерва во паркот во Ѓорче Петров, започнува тридневната манифестација „Октоберфест“, како еден од настаните со кој се одбележува денот на Општината.
Препорачано
Градоначалникот Александар Стојкоски на Фејсбук објави дека сѐ е подготвено за настанот кој започнува во 18 часот и ги повика граѓаните да дојдат на заедничка дружба.

Ќе уживаме во добра музика, добра храна, одлично расположение, сите заедно ѓорчепетровци, а поканети се и многу гости од страна. Во четврток се дружиме со „Контраплан“, „Куку леле“ и Александар Јорданов, во петок продолжуваме со Дани Дан, „Пауза за ракија“ и Дани Димитровска, а во сабота на завршната вечер ги имаме „Акустик солушн“, Огнен Здравковски и „Два бона“ – информира градоначалникот.
Граѓаните во коментари на објавата прашуваат зошто е избрано ова име на манифестацијата, која се одржува од 18 до 20 септември. И навистина, зошто?
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
21мин
-
26мин
-
26мин
-
33мин
-
34мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5