Ѓоковиќ против Алкараз пред Австралија – ова се деталите од спектаклот што следува

фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз моментално се на одмор, а битката за трофеи и првото место ќе продолжат во Австралија. Ако зборуваме за официјални мечеви – со оглед на тоа што српскиот и шпанскиот ас ќе се сретнат и пред Нова година, и тоа во Саудиска Арабија.

Новак и Карлос ќе бидат дел од егзибицискиот спектакл во Ријад, кој е на програмата на стадионот со капацитет од 40.000 седишта. Овој настан е закажан за 26 и 27 декември, а покрај нив ќе настапат и Арина Сабаленка и Онс Жабер.

Кога станува збор за вакви настани, јасно е дека се работи пред сè за финансиите, а многумина се прашуваат колку ќе заработат учесниците. Пред многу години, хонорарот на Рожер Федерер за еден таков настап беше повеќе од милион долари, па тешко е да се претпостави дека Новак и Карлос ќе добијат помалку од тоа.

Саудиска Арабија сè повеќе вложува во тенисот, домаќин е на завршниот турнир на „Следната генерација“, а наскоро се очекува да ја добие и организацијата на завршното ВТА натпреварување.

Многумина од тенискиот свет, како Мартина Навратилова и Крис Еверт, ги критикуваат ваквите настани, но факт е дека спортот тргна во оваа насока. Фудбалот, Формула 1, голфот и боксот веќе во голема мера го прифатија приливот на пари од овие краишта, но она на што треба да се работи е обидот да се избегне губење на „душата“ на спортот.

Инаку, Ѓоковиќ новата сезона ќе ја започне во Купот на Јунајтед (29 декември – 7 јануари), додека Алкараз нема да игра ниту еден турнир пред Австралија опен, можеби само егзибицијата „Кујонг класик“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот