фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Ѓоковиќ: Не знам уште колку ќе бидам „гладен“ за титули

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ овој период е во Италија каде во петок го очекува првиот меч на мастерсот во Рим.

Ѓоковиќ во средата во Милано го следеше првиот натпревар од полуфиналето во фудбалската Лига на шампионите помеѓу Милан и Интер. Еве што одговори Ноле на прашањето дали и натаму има голема желба да освојува титули:

– Не знам уште колку ќе бидам гладен за титули, можам да ви гарантирам дека тоа е уште присутно во мене, барем сега. И тоа многу ме мотивира – рече првиот светски рекет во интервјуто за „Гаѕета“.

Ѓоковиќ се потсети и на својот прв меч во Рим:

– Секако, едно од најубавите спомени е таа прва титула во 2008 година, кога во финалето го победив Вавринка. Имав само 20 години, а го освоив трофејот на еден од најубавите и најважните турнири. Сигурно со задоволство се сеќавам и на другите мечеви, особено на оние против Рожер Федерер и Рафаел Надал, затоа што да се победи против нив секогаш имало посебно значење, тие се противници кои ме следеа цел живот – се зборовите на српскиот тенисер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот