Ѓоковиќ не ги прекршил правилата на антидопинг агенцијата

фото: EPA-EFE/Daniel Perez

Многу полемики се кренаа откако најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ наиде на антидопинг контрола пред неговиот Дејвис куп меч против Велика Британија, по што тој самиот на прес-конференција истакна дека вакво нешто никогаш не му се случило во целата негова кариера.

Луѓе од допинг контролата побараа од Ѓоковиќ да биде тестиран пред мечот со Камерон Нори. На тоа не се согласи Ѓоковиќ.

– Секогаш сум поддржувал тестирање, но не пред мечот. Што менува тоа? Ќе бидам тука кога ќе заврши меч, тогаш тестирајте ме. Сè уште не сум направил целосна проверка, во аголот седи човек, ме следи неколку часа, не ме остава. Имав дискусија со луѓе од антидопинг агенцијата, не можев да верувам каква одлука донесоа. Во повеќе од 20 години од мојата кариера, ова никогаш не ми се случило. Даваат известување дека си избран за допинг контрола, а јас треба да излезам на терен за час и половина – изјави тогаш Ѓоковиќ.

Многу странски медиуми го нападнаа поради тоа и бараа суспензија бидејќи, според нив, Ѓоковиќ наводно одбил да биде тестиран, но денеска стигна дефинитивна потврда дека најдобриот српски тенисер не ги прекршил правилата.

Имено, Светската антидопинг агенција (ВАДА) ја контактираше еминентниот француски спортски весник „Л’Екип“, а официјалните лица соопштија дека играчите имаат право да изберат дали сакаат да бидат тестирани пред или по мечот и дека тоа е апсолутно до нив.

– На Дејвис купот екипите се информираат за тоа пред самиот меч. Ова им овозможува на играчите да изберат дали сакаат да се тестираат повеќе пред почетокот или после мечот. Имаат избор. Играчите претпочитаат да го направат тоа веднаш бидејќи тоа ги ослободува по мечот, што не е лошо. Избегнуваат предолго да останат во самиот објект по завршувањето на дуелот – изјавија за „Л’Екип“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот