Фото: US Open Tennis Championships

Ѓоковиќ го урна рекордот на Федерер и се пласираше во четвртфиналето во Шангај

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ избори пласман во четвртфиналето на Мастерсот во Шангај, совладувајќи го Хауме Мунар со 2-1 во сетови, и при тоа урна рекорд на Роџер Федерер.

По голема борба на теренот, Ѓоковиќ славеше со 6-3, 5-7 и 6-2, обезбедувајќи место меѓу најдобрите осум на турнирот. Со оваа победа, тој стана највозрасниот тенисер во историјата кој успеал да стигне до четвртфинале на АТП Мастерс 1000 турнир.

Ѓоковиќ го постигна овој успех на 38 години и 133 дена, надминувајќи го рекордот што досега го држеше швајцарската легенда Роџер Федерер, кој во 2019 година стигна до истата фаза на 38 години и 60 дена.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот