Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

„Ги броев нулите една по една“: Mислел дека освоил награда од 2.000 долари на инстант лоз, па сфатил дека се 2 милиони долари
Животот на еден човек од Сан Франциско,САД се превртел наопаку – и сè тоа се должело на здодевноста. Рухи Зејдан решил да купи инстант лоз за да „убие време“ и „малку да се забавува“, но не знаел дека неговата одлука ќе се претвори во добивка од 2 милиони долари, пишуваат странските медиуми.
Препорачано
Според Калифорниската лотарија, Зејдан купил инстан лоз за 20 долари во продавница за тутун во близина на плоштадот Јунион. На многумина им е смешно што продавницата се наоѓа веднаш спроти кафето „Гуд лак“ (Среќно).
„Го прочитав бројот двапати и бев убеден дека освоив 2.000 долари“, рекол тој.
Но, откако повторно го погледна листот хартија, забележа нешто чудно – имаше премногу нули.
„Почнав да ги бројам – една по една. Потоа бев навистина шокиран. Имаше шест, а не три“, додал тој.
Тоа значело само едно – тој ја освоил главната награда од 2 милиони долари. Откако се соземал, Зејдан им испратил порака на своите деца.
„Им напишав сè и тие рекоа: ‘Кој го освои тоа, ти?’ Јас реков: ‘Да!’“, се присетил тој на моментот со насмевка и призна дека до последниот момент тешко му се верувало во својата среќа.
Зејдан рече дека ќе ги искористи парите за да ја отплати хипотеката и додаде дека неочекуваната победа му донела душевен мир.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
14мин
-
1час
-
2час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5