Германскиот регулатор забрани емитување на руската телевизија „РТ” на германски јазик- Москва со осуда

Русија тудеј лого EPA/SERGEI CHIRIKOV

 Кремљ денеска ја осуди забраната за локално емитување на рускиот ТВ канал „RT”, наметната од германското регулаторно тело за медиуми.

-Тоа не е ништо друго освен напад врз слободата на изразување и можеме само да изразиме жалење, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Германското регулаторно тело за медиуми вчера соопшти дека забранува емитување на руската телевизија „РТ ДЕ” на германски јазик, на која претходно и беше забрането емитување преку сателит.

Рускиот државен медиум „RT DE”, порано познат како „раша тудеј”, почна да емитува програма на својата веб-страница на 16 декември, повикувајќи се на дозвола за емитување добиена во Србија од Регулаторната управа за електронски медиуми (РЕМ), која дозволува телевизија да емитува програма во Германија во согласност со европското право.

Германското регулаторно тело оцени дека српската дозвола за радиодифузија е недоволна бидејќи компанијата што ја произведува програмата „RT DE” е со седиште во Берлин и нејзина цел е германската публика.

Забраната е објавена во време на многу тензични односи меѓу Русија и Европските земји поврзани со украинското прашање, бидејќи Западот стравува дека Москва има намера да ја нападне Украина.

„RT”, лансирана во 2005 година под името „Раша Тудеј”, е финансиран од државата и со емитерите и веб страниците се разви на неколку јазици, вклучувајќи англиски, француски, шпански, германски и арапски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот