Германската влада размислува за протерување руски дипломати

Германија / МИА

Германската федерална влада ги истражува активностите на руските дипломати за кои се сомнева дека работат за тајните служби.

„Се разбира, една работа е многу јасна, сите опции се на маса”, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи во Берлин за „Зидојче цајтунг”.

Весникот објави дека федералната влада размислува да протера „значителен број” руски дипломати.

Минатата недела Белгија протера 21 руски дипломат под обвинение за шпионажа.

Тие се вклучени во „шпионажа и операции за влијание кои ја загрозуваат националната безбедност”, напиша на Твитер министерката за надворешни работи Софи Вилмс.

Исто така, во вторникот минатата недела, холандскиот министер за надворешни работи најави дека 17 руски дипломати ќе бидат протерани под обвинение за шпионажа.

Чешка протера руски дипломат од земјата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот