Фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Германија без ветеранот Хефнер против Македонија

Mакедонската ракометна репрезентација утре ја очекува вториот натпревар на Европското првенство, а во овој дуел Германците ќе бидат без услугите на ветеранот Каи Хефнер.

Хефнер ќе го пропушти утрешниот натпревар поради убава вест, по вторпат стана татко. Отсуството на Хефнер го потврди спортскиот директор селекцијата на Германија, Аксел Кромер.

„Тој по вторпат стана татко во петокот навечер. Се роди неговиот син. Ќе видиме каква ќе биде систуацијата, можеби ќе биде со нас, но не верувам дека ќе игра“, изјави Кромер.

Натпреварот помеѓу Германија и Македонија се игра утре во терминот од 20:30 часот. Ќе потсетиме, Македонија првиот натпревар го загуби од Франција со 39:29.

ЕП 2024, Марко Митев: Ќе го оставиме срцето на теренот за позитивен резултат против Германија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот