Германија ѝ испраќа уште 64 противвоздушни ракети „Патриот“ на Украина

Ракетен систем Патриот / Фото: EPA-EFE/ATEF SAFADI

Германија „веднаш“ ќе ѝ достави на Украина уште 64 противвоздушни ракети „Патриот“, најави денеска германскиот министер за одбрана Борис Писториус на вториот ден од состанокот на НАТО во Брисел.

Минатиот месец Германија објави пакет помош во вредност од речиси 3 милијарди долари за зајакнување на одбраната на Украина, што претставува најголемо ветување на Берлин за воена помош од почетокот на војната.

Писториус рече дека одлуката е „многу важен знак за поддршка за успешните напори на украинските вооружени сили да обезбедат воздушна одбрана, особено сега во оваа конкретна фаза од војната“.

Соопштението доаѓа откако Киев објави дека одбил „масивен, комбиниран воздушен напад“ од Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот