Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Германец ја приреди првата сензација на Ролан Гарос – го елиминираше четвртиот светски тенисер!

Американскиот тенисер Тејлор Фриц е елиминиран во второто коло на Ролан Гарос, откако загуби од Германецот Даниел Алтмајер со 3-1 во сетови (7-5, 3-6, 6-3, 6-1) по два часа и 43 минути борба на теренот.

Клучниот момент се случи на крајот од првиот сет, кога при резултат 5-4, Фриц имаше брејк шанса која не успеа да ја искористи. Само неколку поени подоцна, Алтмајер направи брејк и го освои сетот, што во голема мера го одреди текот на натпреварот.

Фриц успеа да се врати во вториот сет и да израмни на 1-1, иако Алтмајер имаше шанса да го отвори сетот со брејк. Сепак, тоа беше само краткотрајна реакција од Американецот, кој потоа не покажа премногу. Германецот не дозволи ниту еден брејк во следните два сета, а четвртиот го заврши за само 30 минути со три направени брејка, казнувајќи го индиспонираниот Фриц.

Алтмајер во третото коло ќе игра против Ческиот тенисер Вит Коприва. Инаку Алтмајер во овој момент е 66. светски тенисер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот