Георгиевска: Шест од седум осомничени лица во „Криминални парцели“ се поврзани со ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски

Сите околности во аферата „Криминални парцели“ во која се проневерени околу 1,6 милиони евра водат до луѓе од ВМРО-ДПМНЕ, Белиот дворец и блиски на Христијан Мицкоски.
Шест од седум осомничени во оваа криминална афера се тесно поврзани со ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.

Оттука, Мицкоски треба да излезе пред граѓаните и да каже каде завршиле украдените пари од „Криминални парцели”?
Дали 1,6 милиони евра завршиле за финансирање на неговата партија ВМРО-ДПМНЕ? Или за финансирање на кампањите на ВМРО-ДПМНЕ?
Дали Мицкоски ја искористил познатата шема на неговиот ментор Никола Груевски и преку својот телохранител ги затскривал трагите за испумпување на пари од ЕВН, како што Груевски правеше со плацовите на Водно?

Овие сомнежи за коишто говориме се основани по сите информации кои изглегоа во јавноста дека станува збор за криминална шема.

Како претставници на граѓаните имаме обврска да се бориме за нивните интереси.

Мицкоски не треба да бега од јавноста туку да излезе и да одговори.

Овој случај мора да добие ефективна правна разрешница и сите инволиврани да сносат соодветна законска одговорност, без разлика за кого се работи.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да не се обидуваат да вршат притисок, туку да остават институциите да ја работат својата работа.

Прес-конференција на СДСМ, Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот